Италијанскиот фудбалер Грацијано Пеле (35) од овој месец е слободен играч (му истече договорот со кинески Шандонг Луненх), но веќе не е слободен човек. Поранешниот напаѓач на Саутемптон се уште бара нов клуб, а сопругата веќе ја најде.
Неодамна Пеле ја запроси својата девојка, унгарската манекенка Викторија Варга (30). Италијанецот и приредил романтично запросување на девојката во Дубаи.
Инаку, нејзиниот Инстаграм профил го следат над 500.000 луѓе ширум светот.