Перез: Не сум загрижен за мојата иднина во Ф1

Перез: Не сум загрижен за мојата иднина во Ф1

пред 4 години

Мексиканецот Серхио Перез рекол дека неговата иднина во Формула 1 не зависи од него и дека бил подготвен да направи пауза во 2021 година.

Перез има одлична сезона со Рејинг Поинт, се наоѓа на четвртото место меѓу возачите иако две трки не возеше поради коронавирусот.

Сепак, Рејсин Поинт нема да го продолжат договорот со него. Причината е едноставна, од наредната сезона за овој тим ќе вози Себастијан Фетел, а второто место е резервирано за Ленс Строл, кој е син на сопственикот на тимот.

„Мислам дека добрите резултати не гарантираат место во Формула 1. Тоа може да се забележи. Многу работи се случуваат надвор од кабината, не е се во моите раце. Искрено, не сум премногу загрижен, сакам на високо ниво да ја завршам сезоната, потоа ќе видиме што ќе се случи“, рекол 30-годишниот Мексиканец.

Можна опција за Перез е Ред Бул. Овој тим се уште не го обајавил името на вотриот возач. Сигурно е дека Макс Ферстапен ќе вози во Ред Бул, додека неизвесна е судбината на Александер Албон.

„Во моментов се концентрирам на последните две трки, сакам добро да ја завршам сезоната. Доколку се укаже можност…ќе биде одлично. Во спортивно подготвен сум да паузирам една сезона“, заклучил Перез.

Наредната трка во шампионатот ќе се одржи на 29.ноември, во Бахреин.

Share
Scroll to Top