Пике бара промена во форматот при изведувањето на пенали

Пике бара промена во форматот при изведувањето на пенали

пред 3 години

Фудбалерот на Барселона, инаку поранешен репрезентативец на Шпанија, Џерар Пике, предлага измени во системот според кој се изведуваат пенали на големите натпреварувања.

Пике, со еден свој коментар, покрена вистинска дебата на Твитер.

Шпанија, испадна од ЕП, по изведувањето на пенали. Во досегашниот тек на ЕУРО 2020, три натпревари влегоа во пенал-серијата, сите три ги добија репрезентациите чии играчи први шутираа.

„Не е случајно што победија екипите кои први шутираа. Статистиката покажува дека екипите кои шутираат први имаат повеќе опции. На ваков турнир тоа не е фер, бидејќи екипата која шутира втора, во пенал-серијата влегува како хендикепирана“, напишал Пике.

Потоа дал предлог како би требало да се шутираат пенал-сериите.

„Мислам дека најдобро е да се оди по овој редослед АББААББАБ. Така екипите ќе се менуваат и тоа за нив нема да претставува емотивен стрес за оние кои ќе промашат“.

Интересно, Италија против Шпанија ја започна серијата. Првиот пенал го промаши Локатели, но потоа голот не го погоди Олмо, а Донамурма му го одбрани пеналот на Мората.

Во претходната рунда, Шпанците ја започнаа пенал-серијата против Швајцарија со промашувањето на Бускетс, но успеаја да се пласираат во полу-финалето.

Share
Scroll to Top