Погба прифатил помала плата во Јувентус

Погба прифатил помала плата во Јувентус

пред 2 години

Пол Погба (29) по втор пат во кариерата ќе стане играч на Јувентус. Двата пати дојде во Јувентус како слободен играч од Манчестер јунајтед. Пред 10 години, како млад играч пристигна во Јуве, а четири години подоцна Јунајтед на „старата дама“ и платија рекордни 105 милиони евра за Погба.

Погба вчера ги помина медицинските прегледи, остана уште само да го стави својот потпис на договорот.

„Кориере дело спорт“, посочува на еден особено важен детаљ од овој трансфер, а кој ги воодушевил навивачите на Јувентус. Имено, Погба би требало да заработува околу 6,8 милиони фунти годишно или 160 илјади фунти неделно.

Тоа е помалку од платата која ја имаше на „Олд Трафорд“. Неделно во Јунајтед, францускиот фудбалер имал плата од 290.000 фунти.

Истиот извор наведува дека Погба би можел да добие дополнителни 1,7 милиони фунти во зависност од бројот на натпревари и голови во дресот на „старата дама“.

Share
Scroll to Top