Почина легендарниот рели возач Хану Микола

Почина легендарниот рели возач Хану Микола

пред 4 години

Легендарниот фински возач, Хану Микола, светски првак во рели од 1983 година, почина на 79-годишна возраст.

Хану Микола или „Летечкиот Финец“ е еден од најуспешните рели возачи во историјата. Забележал победа на 18 релија во Светското првенство. Бил шампион во 1983 година возејќи Ауди Кватро, три пати бил втор и три пати трет во генералниот пласман.

Најмногу победи, Микола, забележа на домашен терен, седум пати победил на релито 1.000 езера. Последната победа ја забележал на Сафари релито во Кенија.

Кариерата ја завршил во 1993 година.

Share
Scroll to Top