По 45 минути – спектакл на Фернандеш, Узуни со „копирањето“ само го налути Роналдо!

По 45 минути – спектакл на Фернандеш, Узуни со „копирањето“ само го налути Роналдо!

пред 5 месеци

Бруно Фернандеш постигна два гола (од кои првиот спектакуларен) за Манчестер јунајтед да имаат 3:0 водство над Башакшехир по првото полувреме од четвртото коло во ЛШ, Ерлинг Халанд ја продолжи голгетерската серија за Борусија Дортмунд, додека Јувентус се наоѓа во неочекувана негатива (0:1) против унгарскиот Ференцварош.

Фернандеш даде два гола, од кои првиот беше нешто што навистина ретко се гледа на фудбалските терени, а потоа Маркус Рашфорд додаде гол од пенал за 3:0 водство.

Халанд, пак, кој постигна четири гола во мечот со Херта во саботата, ја продолжи серијата со уште еден гол, овојпат против Бриж дома.

Рана негатива имаа Јувентус, откако албанскиот репрезентативец Мирто Узуни постигна гол и го копираше славењето на Кристијано Роналдо, кој врати со убав гол за 1:1 со аутсајдерот Ференцварош во Торино. Барса, без Лео Меси пак, има само 0:0 на гостувањето кај Динамо Киев.

РЕЗУЛТАТИ (ПО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ)

Борусија Дортмунд – Бриж 2:0

Динамо Киев – Барселона 0:0

Јувентус – Ференцварош 1:1

Лацио – Зенит 2:1

Манчестер јунајтед – Башакшехир 3:0

ПСЖ – РБ Лајпциг 1:0

Share

AnimeHeaven animeheaven boruto: Watch One Piece (Dub) Episode 601

KissAnime kissanime monster: Watch Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 82

Scroll to Top