Премиер лигата ќе помага на пониските лиги со 250 милиони фунти

Премиер лигата ќе помага на пониските лиги со 250 милиони фунти

пред 4 години

Премиер лигата и Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) се согласија на „пакет“ за спас на англискиот фудбал по кризата со КОВИД-19, вреден 250 милиони фунти.

Преговорите траеја неколку месеци преку британскиот Оддел за култура, медиуми и спорт, и сега 24-те клубови од Чемпионшип ќе имаат достапни заеми без камата од 200 милиони фунти. Премиер лигата ќе плати 15 милиони фунти за осигурување на заемот, кој ќе биде ограничен на 8.33 милиони фунти по клуб и ќе мора да се врати до јуни 2024 година.

Лига 1 (третата лига) и Лига 2 (четвртата лига) ќе добијат грант по 30 милиони фунти според односот на загубените пари од приходите од продадените билети во минатите сезони. Секој клуб од третата лига ќе добие по најмалку 375.000 фунти, додека четвртолигашите ќе добијат 250.000 фунти. Преостанатите 20 милиони фунти ќе бидат достапни за итни случаи.

Share
Scroll to Top