Лестер победнички на „Вила парк“ за враќање на второто место

Лестер победнички на „Вила парк“ за враќање на второто место

пред 3 години

Лестер сити се вратија на второто место на табелата во Премиер лигата со седум поени заостанување зад Манчестер сити, откако триумфираа со 2:1 на гости кај Астон вила.

Победата беше обезбедена во четири минути на стартот на мечот – Џејмс Медисон во 19. минута и Харви Барнс во 23. минута стрелаа за тимот на Брендан Роџерс, и иако Вила веднаш на стартот на второто полувреме во 53. минута намали на 2:1, но тоа беше се што успеаја да направат.

Лестер сега има 49 поени, три повеќе пред Манчестер јунајтед, кои вечерва играат против Њукасл, додека Вила се на осмото место со 36 поени.

Share
Scroll to Top