Протест на навивачите и победа над Брентфорд на последниот меч на „Олд Трафорд“ оваа сезона

Протест на навивачите и победа над Брентфорд на последниот меч на „Олд Трафорд“ оваа сезона

пред 3 години

Манчестер јунајтед стигна до 3:0 победа над Брентфорд во последниот меч на „Олд Трафорд“ за „ѓаволите“ оваа сезона, одбележан со протест на навивачите кон американските газди во 73. минута од мечот и повторно со Кристијано Роналдо во главна улога на теренот.

Јунајтед стигнаа до водство уште во осмата минута, кога Антони Еланга фантастично му нафрли на Бруно Фернандеш кој не згреши. Во 45. минута, Кристијано Роналдо постигна гол кој беше поништен поради мал офсајд, за во 61. минута да го запише својот 18. гол оваа сезона, кога беше соборен во шестнаесетникот и лесно го реализираше пеналот. Точка на мечот стави Рафаел Варан, со својот прв гол за „ѓаволите“ во 72. минута, кој падна во сенка на протестот кој го имаа дел од навивачите во 73. минута во знак на протест на 17-те години сопственост на клубот од семејството Глејзер.

Мечот беше последен на „Олд Трафорд“ за повеќе фудбалери на Јунајтед, дефинитивно за Хуан Мата и Немања Матиќ, но можеби и за Единсон Кавани и Фил Џонс, кои влегоа како замена во последните 15-тина минути. Интересно, Џеси Лингард и Маркус Рашфорд, двајца „продукти“ на академијата на Јунајтед, за кои исто така се шпекулира дека престојот во тимот е завршен, останаа на клупата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top