Радичевиќ и Црногорките ги „сомлеа“ Швеѓанките

Радичевиќ и Црногорките ги „сомлеа“ Швеѓанките

пред 4 години

Црна Гора ја забележа својата прва победа во втората фаза на Европското првенство во Данска и Норвешка, откако со високи 31:25 беа подобри од Шведска, која останува на дното без освоен поен.

Клучните моменти на мечот беа по првите 10 минути игра, кога Црногорките се одвоија на +6 постигнувајќи четири гола во една двеминутна суспензија на Швеѓанките, кои имаа дури 12 загубени топки во првото полувреме. Во второто полувреме Шведска се врати на -4 на 10 минути пред крајот, но тоа беше речиси се што успеаја да го направат.

Поранешната вардарка, Јованка Радичевиќ уфрли дури 11 гола за Црна Гора, додека шест имаше Ѓурѓина Јауковиќ. Кај Шведска, Лин Блом имаше осум гола.

ЕП РАКОМЕТ, ВТОРА ФАЗА, ГРУПА 1

Црна Гора – Шведска 31:25 (16:10)

Данска – Шпанија 21.00 ч.

Табела: 1.Русија 7, 2.Франција 7, 3.Данска 4, 4.Црна Гора 2, 5.Шпаниија 1, 6.Шведска 0

Share
Scroll to Top