Разочарувањето е огромно – Чеферин е кум на ќеркaтa на Ањели!

Разочарувањето е огромно – Чеферин е кум на ќеркaтa на Ањели!

пред 4 години

Угледниот „Њујорк тајмс“ детално ги опишува односите на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и тврди дека  подготвувале заедничка изјава неколку часа пред објавата за Европската Суперлига, која направи „потрес“ во светот на европскиот фудбал.

Ова го најави и самиот Чеферин, кога изјави дека зборувал со Ањели во саботата и добил уверување дека најавите за Суперлигата се „само шпекулации“, за во неделата, 12 клуба да го објават формирањето на Суперлигата, која се распадна со повлекувањето на англиските клубови. Според „Њујорк тајмс“, дури и највисоките личности во клубовите не знаеле за објавата, како што призна спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини.

Според „Кориере дела сера“, Чеферин веќе зборувал со сите претседателит на клубови вклучени во проектот, освен со Ањели, кој останува на мислење дека проектот е за добро на фудбалот. Чеферин веднаш по дознавањето за проектот, се качил во автомобил и се возел осум часа од домот во Љубљана до канцеларијата во Швајцарија и постојано се обидувал да го добие Ањели на телефон.

Чеферин, инаку, е кум на една од ќерките на Ањели, и откако не стигнал до него, се јавил на неговата сопруга за да стапи во контакт. Ањели му се јавил по неколку часа и се обидувал да го убеди Словенецот дека работите се во „ред“. Тогаш Чеферин му понудил да дадат заедничко соопштение и Ањели се согласил. Чеферин составил изјава која му ја пратил на Италијанецот, но тој барал време за поправки и по уште два повици, Ањели побарал уште половина час и потоа го исклучил телефонот.

Share
Scroll to Top