Резервата на Ноер во Баерн се сели во Монако

Резервата на Ноер во Баерн се сели во Монако

пред 3 години

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, актуелен кормилар на Монако – хрватскиот стратег Нико Ковач носи засилување за својот тим и тоа на голманската позиција.

Чуварот на мрежата на Баерн, Александер Нибел (24) оди на двегодишна позајмица во клубот од кнежевството.

Монако минатата сезона ја заврши како третопласиран на табелата во Лига 1, а во следната сезона повторно сака да има конкурентен тим за напад на титулата.

Нибел една сезона помина на позајмица во Шалке 04, но откако тимот испадна во понизок ранг, Баерн повторно го испрати младиот голман на позајмица од каде може да го врати веќе по една сезона.

Позицијата која Нибел ја имаше во Минхен (прва резерва на Мануел Ноер) ја презема Свен Улрих (32) кој, пак, се врати во Баерн по краткиот престој во Хамбургер.

Share
Scroll to Top