Рома ја оствари шестата победа во Серија А оваа сезона откако на „Олимпико“ го совлада Лече со 2:1. Гостите две третини од мечот играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Хјулманд.
Крис Смолинг во шестата минута донесе предност за Рома, а израмни Габриел Стрефеца пред полувремето.
Пауло Дибала на почетокот на вториот дел го постигна победоносниот гол за „волчицата“. Тој погоди од пенал во 48.минута од дуелот.