Роналдо: Не бркам рекорди, тие мене ме бркаат

Роналдо: Не бркам рекорди, тие мене ме бркаат

пред 3 години

Кристијано Роналдо, по завршувањето на сезоната, напишал дека е горд на она што го постигнал сезонава и во својата досегашна кариера. Јувентус не успеаја да ја одбраат титулата, а дури во последното коло обезбедија пласман во Лигата на шампионите.

„Животот и кариерата на секој врвен фудбалер се проткани со подеми и падови. Секоја година се соочуваме со фантастични тимови, со исклучителни фудбалери и со амбициозни цели. Поради тоа мораме да даваме се од себе за да ја одржиме врвната форма.

Оваа година не успеавме да ја освоиме Серија А, им честитаме на Интер заслужено ја освоија титулата. Сепак, морам да бидам горд на она што го постигнав со Јувентус оваа сезона, тимски и индивидуално. Ги освои Купот и Суперкупот, индивидуално го освоив трофејот за најдобар стрелец. Во земја во која ништо лесно не се освојува, овое трофеи прават да бидам среќен.

Со овие успеси ја остварив целта која си ја поставив од првиот ден кога дојдов во Италија. Да освојувам трофеи и да бидам најдобар играч и стрелец.

„Многу пати сум рекол дека не бркам индивидуалби рекорди, тие ме бркаа мене. За тие што не разбираат што сакам да кажам ова е многу едноставно: фудбалот е колективна игра, но со индивидуалните достигнувања и помагаме на нашите тимови да ги остварат целите“, им порачал на своите фанови 36-годишниот Роналдо.

Share
Scroll to Top