Алкантара би можел да се врати во Барселона

Алкантара би можел да се врати во Барселона

пред 7 месеци

Тиаго Алкантара наскоро би можел да се врати во Барселона, клуб во кој ја започна кариерата.

Шпанецот на почетокот на сезоната во Ливерпул го мачеа повреди, а сега предност на неговата позиција имаат Доминик Собослај и Алексис Мекалистер.

Неговиот договор со Ливерпул е до 2024 година, па тој следното лето станува слободен агент.

Алкантара ја напушти Барса во 2013 година, кога на покана на Пеп Гвардиола замина во Баерн за 25 милиони евра. Со Баварците ги освои сите можни трофеи, а од неговото доаѓање во Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Лига Купот.

Share
Scroll to Top