Сопственикот на Манчестер јунајтед, Аврам Глејзер, одбил да им се извини на навивачите за обидот клубот да ја напушти УЕФА и Лигата на шампионите. Јунајтед беа во групата на тимови кои ја формираа Суперлигата. м
Новинарка на „Скај спорт“, се обидела да добие изјава од првиот човек на Манчестер јунајтед, но Глејзер ја игнорирал, пота седнал во авојот автомобил и заминал.
Навивачите на Манчестер јунајтед бараат Глејзер да замине од клубот. Поради нивниот протест и упадот на „Олд Трафорд“, во неделата не се одигра дербиот со Ливерпул.
Се уште не е познато кога ќе се одигра овој натпревар.
#MUFC owner Avram Glazer refused to apologise to fans over the disastrous attempt to form a breakaway European Super League, when approached by Sky News. pic.twitter.com/BfY5fEHIaa
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 4, 2021