Со лажни документи влегол во Италија, сега игра во Манчестер јунајтед

Со лажни документи влегол во Италија, сега игра во Манчестер јунајтед

пред 4 години

Амад Диало, на пошироката фудбалска јавност и стана познат во моментот кога манчестер јунајтед за неговиот трансфер од Аталанта издвоија 20 милиони евра, а клубот од Бергамо може да добие уште толку доколку се исполнат сите клаузули во договорот. Диало има 18 години, а во првите два натпревари за У-23 тимот на Манчестер јунајтед постигна три гола.

Денес, од Италија пристигна информацијата дека младиот Диало се спогодил со италијанското обинитество и прифатил да плати парична казна од 48.000 евра. Диало завршил на суд бидејќи во Италија, пред шест години од Брегот на Слоновата коска, влегол со фалсификувани документи и фиктивни родители.

Судот во Парма покрена истрага против петмина криумчари, кои се обвинети дека со фалсификувани документи и измислени родители, им овозможиле на Амад Диало и неговиот брат Хамед Траоре, да влезат во Италија.

Судот, инаку, се уште утврдува дали Диало и Траоре воопшто се браќа.

Диало добил лажно документи и родители за да може во 2015 година да биде регистриран како играч на Бока Барса. Фудбалерот потоа се преселил во Аталанта, а сега е на „Олд Трафорд“.

Бидејќи во периодот кога било извршено кривичното дело, Диало бил малолетен, не може да му се суди, меѓутоа судот во Парма го обвини дека кога потпишувал за Бока Барса, користел лажни документи.

Share
Scroll to Top