Спалети не планира „револуција“ во Наполи, што ќе значи тоа за Елмас?

Спалети не планира „револуција“ во Наполи, што ќе значи тоа за Елмас?

пред 3 години

Лучано Спалети високо го цени составот на Наполи и според италијанските медиуми не му се потребни скапи засилувања ова лето за да ја крене конкурентноста на „партенопеи“.

Спалети го замени Џенаро Гатузо на „Диего Армандо Марадона“, потпишувајќи двегодишен договор со клубот, откако Наполи колабираше во последното коло не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис веќе ја планира активноста на трансфер-пазарот ова лето, и според „Ла газета дело спорт“, добил порака од Спалети дека не е потребен голем буџет за следната сезона да се обезбеди топ 4 пласман, иако му е јасно дека дел од фудбалерите мораат да заминат за да се намалат трошоците за 30 отсто.

За Калиду Кулибали и Фабијан Руиз има повеќе заинтересирани клубови, а останува да се види и иднината на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, откако под Гатузо не добиваше голема шанса да биде стартер.

Share
Scroll to Top