Стоичков: Кројф би го избрал Мбапе пред Халанд

Стоичков: Кројф би го избрал Мбапе пред Халанд

пред 4 години

Поранешната ѕвезда на Барселона, Христо Стоичков, смета дека Ерлинг Халанд би бил поефикасно засилување за каталонскиот клуб од Килијан Мбапе, но додава дека легендарниот Јохан Кројф повеќе би го преферирал системот со Французинот.

20-годишниот Халанд и 22-годишниот Мбапе оваа сезона уште еднаш докажаа дека се ѕвездите кои ќе ја креираат фудбалската иднина како наследници на Роналдо и Меси и секој тим би ги сакал во своите редови и Стоичков вели дека се работи за вкусови.

„Со две-три засилувања може да направите конкурентен тим од Барса. Потребен ви е лев бек бидејќи Жорди Алба ќе биде ‘убиен’, и јас би го донел Давид Алаба бидејќи тој може да игра на три позиции. Потоа, тука се Халанд или Мбапе. Со сегашниот систем на Барса, Халанд може да биде поефективен. Но, да беше тренер Кројф, сигурен сум дека ќе го сакаше Мбапе – ќе играше без број 9 и тој ќе беше со Дембеле напред и со Мбапе и Меси како организатори“, оценува Стоичков.

Share
Scroll to Top