Тер Штеген и Де Јонг им го свртеа грбот на соиграчите

Тер Штеген и Де Јонг им го свртеа грбот на соиграчите

пред 8 месеци

Фудбалерите на Барселона испратиле писмо до клупските челници, во кое го искажале своето несогласување со предлогот за привремено намалување на платите. Барселона, поради корона-кризата, губи многу пари, а според проценките од март кога започна пандемијата до денес, клубот бележи минути од преку 100 милиони евра.

Клупската управа предложила платите на фудбалерите да останат намалени за да можат останатите вработени во клубот да ги задржат своите работни места.

Потписници на писмото се клупските капитени Лионел Меси, Серхио Бускетс, Џерар Пике и Серхи Роберто. Капитените ги поддржале и останатите соиграчи со исклучок на голманот Марк-Андре тер Штеген, Френки де Јонг, Миралем Пјаниќ и Сержињо Дест.

Тер Штеген и Де Јонг се согласиле со предлогот на управата, тие не се против намалувањето на платите, додека Пјаниќ и Дест ги потпишале договорите според новите финансиски правилници што го воведе клубот.

Пјаниќ и Дест во летниот преоден рок ја засилија Барселона.

Share

AniWatch watch anime: Dr. Stone: Stone Wars Episode 11

ANIMEFLIX animeflix the promised neverland: Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 6

Scroll to Top