Тод контра Хамилтон: Моторспортот не треба да е место за политика

Тод контра Хамилтон: Моторспортот не треба да е место за политика

пред 3 години

Претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Жан Тод вели дека критиките за човековите права во Саудиска Арабија пред првата Ф1 трка во азиската земја се глупости, бидејќи моторспортот едноставно нема ништо со политиката и со човековите права.

Ова доаѓа откако седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон изјави дека не му е пријатно да се трка во Саудиска Арабија, поради прекршувањето на човековите права во исламската земја и посебно криминализацијата на ЛГБТ заедницата.

„Моторспортот не треба да биде користен како политичка платформа. Кога одиме во одредени земји каде што има сомнежи за работите кои се случуваат, даваме шанса на луѓето да зборуваат. Има целосна слобода да се зборува, да се демонстрира. Саудиска Арабија до 2018 година не можеше да биде домаќин на интернационални натпреварувања бидејќи на жените им беше забрането да возат, сега тоа е сменето. Политиката не треба да е наша главна преокупација“, вели Тод.

Хамилтон: Не ми е пријатно што ќе се тркаме во Саудиска Арабија, но тоа не мој избор

Share
Scroll to Top