Трамп: Кога ќе ги сменат левичарските манијаци со патриоти, ќе освојат злато

Трамп: Кога ќе ги сменат левичарските манијаци со патриоти, ќе освојат злато

пред 3 години

Неуспехот на американската фудбалска репрезентација, предводена од македонскиот тренер Влатко Андоновски, да се пласираат во финалето на олимпискиот турнир, предизвика интересна реакција од поранешниот претседател Доналд Трамп, кој посочи дека е потребно да се сменат „левичарските манијаци“ со патриоти.

Американките загубија од Канада во полуфиналето, по што го освоија бронзениот медал со 4:3 победа над Австралија.

„Ако нашата фудбалска репрезентација, предводена од радикална група на левичарски манијаци не беше ‘woke’ ќе освоија злато наместо бронза. Имаше малку патриоти кои стоеја. За жал, треба повеќе да ја почитуваат земјата и националната химна. Така повторно ќе победуваат“, изјави Трамп.

Share
Scroll to Top