Тренерот Анчелоти предложил Реал да ја бојкотира Златната топка

Тренерот Анчелоти предложил Реал да ја бојкотира Златната топка

пред 2 месеци

Гневот на Реал го предизвика тоа што Винисиус, спротивно на она што со денови се најавуваше, не ја освои Златната топка, најпрестижната индивидуална фудбалска награда, која му припадна на Родри.

Клубот, пет часа пред почетокот на церемонија која се одржа во понеделникот во Париз, го откажа патувањето на својата делегација во која беа 50 луѓе.

Реал не беше среќен што Карло Анчелоти беше прогласен за тренер на сезоната, или што Килијан Мбапе требаше да го добие и подели трофејот „Герд Мулер“ со Хари Кејн за играчот кој постигна најмногу голови (52) минатата сезона. Тоа го постигна како играч на ПСЖ а, но сега ја бојкотираше церемонијата на доделување бидејќи е играч на Реал. На Реал ништо не му значеше што неговите играчи ги освоија второто (Винисиус), третото (Белингем) и четвртото место (Карвахал) во изборот за Златна топка.

Винисиус беше особено повреден поради тоа што не ја доби Златна топка. Бразилецот се подготви да ги однесе семејството и пријателите во Париз, на соиграчите им купи Ролекси во знак на благодарност, а изнајми и хотел во Париз за да ја прослави Златната топка.

Аранча Родригез, радио коментатор и инсајдер на Реал, открива дека бојкотот на церемонијата за доделување на Златната топка е идеја на тренерот на Реал: „Анчелоти дозна дека Винисиус не е добитник на Златната топка и ја претстави идејата, Реал поради тоа да го бојкотира гала настанот. Неговиот став е дека во овие ситуации приоритет е добросостојбата на играчите и тимот.“

Родригез додава: „Одлуката на Реал да не присуствува на цеемонија во Париз не е само чин на протест, туку и гест на поддршка за Винисиус“.

Share
Scroll to Top