Трент ќе го пропушти дуелот со Тотенхем

Трент ќе го пропушти дуелот со Тотенхем

пред 7 часа

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд нема да биде во конкуренција за место во тимот, за реваншот од полуфиналето на Лига купот против Тотенхем, потврди менаџерот на „црвените“, Арне Слот.

Натпреварот се игра утре од 21 часот на „Енфилд“. Тотенхем е во предност бидејќи го доби првиот натпревар со 1:0. Другиот финалист ќе биде победникот од двомечот меѓу Њукасл и Арсенал. „Страчките“ го добија првиот меч во Лондон на „Емирати“ со 2:0.

„Трент ќе го пропушти натпреварот против Тотенхем. „Ќе треба да видиме дали е подготвен да биде во тимот за неделниот дуел со Плимут во ФА купот, но тој утре дефинитивно нема да игра“, рече Слот и додаде:

„Тој го напушти теренот против Бурнемут бидејќи почувствува болка во ногата. Тренет почна да тренира но со намален интензитетво. Ќе видиме колку време ќе биде потребно да биде подготвен“.

Ливерпул следно ќе игра со Плимут во четвртото коло од ФА Купот, како и со градскиот ривал Евертон (наредната среда) во Премиер лигата.

Потоа, лидерот во англискиот шампионат го очекува меч против Вулверхемптон на „Енфилд“, а потоа следуваат два пеколни натпревари, против Манчестер сити и Њукасл.

Share
Scroll to Top