Тројца нема да добијат нови договори од Реал

Тројца нема да добијат нови договори од Реал

пред 4 години

Реал Мадрид на тројца фудбалери нема да им понуди нови договори. Марсело, Иско и Герет Бејл, имаат договори со клубот до 30.јуни 2022 година. Клубот ќе се обиде да ги продаде по завршувањето на оваа сезона, за да може нешто и да заработи од нивните трансфери.

Најдолг стаж во клубот, од овие тројца, има Марсело. Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна во 2007 година. Во кариерата има одиграно 517 натпревари за реал.

Иско играч на Реал стана во 2013 година, кога во клубот пристигна и Бејл. Оваа сезона, Велшанецот е позајмен во Тотенхем.

Поранешниот фудбалер на Малага, Иско, за Реал одиграл 321 натпревар, додека Бејл во дресот на „кралскиот клуб“ настапил на 251 натпревар.

Во Реал, актуелна е и ситуацијата со Серхио Рамос. Како стојат работите, долгогодишниот капитен ќе го напушти клубот, а истото се очекува да го направи и Лукас Васкез.

Share
Scroll to Top