Уапсен навивач на Бостон – Фрлил пластична флаша кон Ирвинг

Уапсен навивач на Бостон – Фрлил пластична флаша кон Ирвинг

пред 3 години

Бруклин Нетс убедливо ги поразија Бостон Селтикс со 141:126, во четвртиот меч од четврт-финалната серија на Истокот. Бруклин во серијата водат со 3:1.

Нетс до победата во Бостон дојдоа благодарение на Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, кои постигнаа 42, односно 39 поени. Џејмс Харден забележа дабл-дабл од 23 поени и 18 асистенции.

Кај Бостон повторно блескаше Џејсон Тејтум (40 поени), но не доби поддршка од соиграчите.

На крајот од натпреварот се случи инцидент, кога еден навивач на Бостон фрли пластична флаша кон Ирвинг.

Кајр две сезони играше во Бостон, разделбата помеѓу него и клубот не беше пријателска.

За среќа флашата не го погоди Ирвинг, а навивачот веднаш беше уапсен и тој повеќе нема да може влезе во арената за да го гледа својот омилен тим.



Share
Scroll to Top