УЕФА во понеделник ќе ја претстави новата Лига на шампиони

УЕФА во понеделник ќе ја претстави новата Лига на шампиони

пред 4 години

УЕФА, во понеделник, официјално ќе го претстави редизајнот на Лигата на шампионите. Елитното натпреварување, во новиот формат, ќе започне да се игра од сезоната 2024/2025.

Изминатите неколку години, УЕФА со најбогатите европски клубови преговараше околу измените на форматот, стравувајќи дека тие ќе се отцепат и ќе формираат своја лига. Клубовите бараа да играат повеќе натпревари, за да добиваат повеќе пари и на крајот УЕФА попушти пред заканите и барањата.

За УЕФА е најважно што не дозволи богатите европски клубови сами да си организираат своја лига.

Од сезоната 2024/2025 ќе се игра една лига со 36 екипи. Според актуелниот систем, во Лигата на шампионите се натпреваруваат 32 екипи, поделени во осум групи. Клубовите пред почетокот на сезоната 2024/2025 ќе бидат поделени во четири квалитативни групи. Секој клуб ќе одигра по 10 натпревари, со различни противници од четирите квалитативни групи.

Првите осум клуба на табелата, по 10 одиграни натпревари, ќе изборат пласман во осмина-финалето, а клубовите пласирани од 9. до 24. место ќе играат плеј-оф за пласман во осмина-финалето. Сезоната ќе ја завршат најлошите 12 клуба.

Првата фаза е предвидено да се игра од септември до јануари. Натпревари во новата Лига на шампиони покрај во вторник и среда ќе се играат и во четврток.

Во првата фаза, дневно ќе се играат по 18 натпревари, наместо досегашните 16, а вкупно ќе се одиграат 108, наместо досегашните 96 натпревари. Според актуелниот формат, во една сезона во ЛШ се играат 125 натпревари, а според новиот формат ќе се 225 натпревари (180 во првата фаза, 16 во плејофот и 29 во нокаут фазата).

Share
Scroll to Top