УЕФА со предупредување за отстранувањето шишиња, Черчесов покажа како се прави тоа

УЕФА со предупредување за отстранувањето шишиња, Черчесов покажа како се прави тоа

пред 3 години

УЕФА ги предупреди фудбалерите на ЕУРО 2020 дека можат да бидат казнети ако го следат примерот на Кристијано Роналдо и ги отстранат шишињата пијалок од нивните спонзори за време на прес-конференциите.

Ова доаѓа откако во понеделникот, потегот на Роналдо со отстранувањето на двете шишиња „Кока-кола“ и повикот „вода“, предизвика низа на реакции. По ова, француската ѕвезда Пол Погба, кој е муслиман, отстрани шише од „Хајнекен“, иако се работеше за безалкохолен пијалок, а слично „Кока-колата“ ја отстрани и Италијанецот Мануел Локатели. УЕФА реши да реагира.

„УЕФА ги потсетува репрезентациите дека партнерствата се клучни за организирање на турнирот и за развојот на фудалот во Европа, вклучувајќи го младинскиот фудбал и женскиот фудбал. Тие се обврзани преку своите федерации да ги почитуваат правилата на турнирот. Никогаш не ги казнуваме фудбалерите директно од УЕФА, туку преку националните федерации, кои имаат потпишано договори“, вели директорот на турнирот, Мартин Кален.

Можеби најдобар одговор на целата „мешаница“ со шишињата, направи рускиот селектор Станислав Черчесов, кој вчера прво си отвори шише „Кока-кола“ користејќи го другото шише.

Share
Scroll to Top