Украина ја обжали одлуката на УЕФА пред Судот во Лозана

Украина ја обжали одлуката на УЕФА пред Судот во Лозана

пред 4 години

Фудбалскиот сојуз на Украина (УАФ) ја обжали одлуката на УЕФА пред Судот за спортска арбитража во Лозана. УЕФА, натпреварот Швајцарија-Украина, што требаше да се одигра во последното коло, во Лигата на нации, го регистрираше со службен резултат 3:0 за Швајцарија.

Оваа одлука директно влијаеше врз конечниот пласман на табелата. Украина испадна во Б-дивизијата, додека Швајцарија го задржа своето место во А-дивизијата во Лигата на нации.

Натпреварот требаше да се одигра на 17.ноември во Луцерн, но беше одложен по препорака на здрватвените власти, бидејќи неколку фудбалери на Украина беа заразени со коронавирусот.

Share
Scroll to Top