Ферстапен на пол-позицијата по дождот во Монтреал, мајсторот Алонсо е втор!

Ферстапен на пол-позицијата по дождот во Монтреал, мајсторот Алонсо е втор!

пред 2 години

Светскиот шампион и лидер во генерален пласман, Макс Ферстапен со својот Ред бул ќе стартува од пол-позицијата на утрешното Канадско ГП на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал, откако и покрај променливото време и дождот кој ги пречека возачите, беше убедливо најбрз со 1:21.299, повеќе од една секунда пред своите ривали.

На второто место, сензационално, ќе стартува стариот „лисец“ Фернандо Алонсо во Алпине, откако дојде на 0.645 секунди од Ферстапен во својот последен круг, додека трет ќе стартува Карлос Саинс Јуниор во Ферари, пред Луис Хамилтон во Мерцедес, еден ден откако седумкратниот светски шампион го нарече својот болид „катастрофален“.

Во топ 10 се уште и вајцата возачи на Хас, Кевин Магнусен и Мик Шумахер, Естебан Окон во вториот болид на Алпине, Џорџ Расел на осмото место и Даниел Рикардо (Мекларен) и Гуанју Жоу (Вилијамс).

Серхио Перез во вториот Ред бул ќе стартува од 13. место, откако предизвика прекин во втората квалификациска сесија со излетување од патеката, додека Шарл Леклер во Ферари ќе стартува од последното место откако мораше да менува повеќе компоненти во неговиот мотор.

Share
Scroll to Top