Фрајбург ја згази Херта, Волфсбург со еден гол се искачи на 4. позиција

Фрајбург ја згази Херта, Волфсбург со еден гол се искачи на 4. позиција

пред 4 години

Последните два натпревари од германската Бундеслига им припаднаа на домашните екипи.

Фрајбург со убедливи 4-1 славеше против Херта Берлин, додека Волфсбург со минимални 1-0 го совлада тимот на Штутгарт.
Единствениот гол на мечот во Фрајбург во првото полувреме беше дело на Винченцо Гриф, и тоа во мрежата на гостите. Затоа пак во вториот дел ги имаше дури 4.

Во седмата минута од вториот дел веднаш стигна израмнувањето. Лукебакио носи 1-1.

Сепак, за водство на домашниот тим се погрижи Демировиќ во 59 минута, 2-1. Водството го зголеми Гулде, 8 минути подоцна, а конечните 4-1 беа поставени од белата точка во судиското продолжение на мечот. Стрелец Петерсен.

Многу помирен беше дуелот во Волфсбур, а го реши хрватскиот репрезентативец Јосип Брекало. Тој беше најснаодлив во 49 минута и донесе 3 бода за својот тим.

Со новата победа Фрајбург се зацврсти на средината на табелата, додека Волсфбург има поголеми амбиции, тие се сега четврти, со 24 бода.

Share
Scroll to Top