УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов беше спореден со еден од најопасните противници на Бетмен, Бејн, откако Дагестанецот пристигна на „Островот на борбите“ во Абу Даби со маска за лице од 225 долари.
Хабиб се смести во „W“ хотелот со макса на „02 Индустрис“, еден од спонзорите на УФЦ федерацијата и не пропушти шанса да се пофали со маската, а фановите на социјалните мрежи го споредија со Бејн, кого во последниот од трилогијата филмови за Бетмен на Кристофер Нолан го играше Том Харди.
Нурмагомедов ќе се обиде да остане непоразен во УФЦ против Американецот Џастин Гетџи на УФЦ 254 овој викенд.