Хумелс го предводи бунтот против Фавр во Дортмунд?

Хумелс го предводи бунтот против Фавр во Дортмунд?

пред 7 месеци

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс влезе во остар напад на тактиката на тренерот Лусиен Фавр по засрамувачкиот 1:5 пораз од Штутгарт на домашен терен во саботата.

Откако Силас Вамангитука ги донесе Штутгарт во водство во првото полувреме, Џовани Рејна израмни, но во второто полувреме, Штутгарт даде четири гола за изненадувачки лесна победа. Ова беше трет меч без победа во Бундеслигата за „милионерите“, кои полека го губат здивот во битката со Баерн Минхен и РБ Лајпциг на врвот на табелата.

Ова ги зголеми шпекулациите дека швајцарскиот тренер Лусиен Фавр е пред отказ, а Хумелс јавно му откажа „послушност“.

„Секогаш се обидуваме да играме на мало, преку тесни простори и затоа многу ја губиме топката. Ако функционира, тогаш изгледа како убав фудбал. Но, тоа ретко функционира така. Потребна е голема вештина. Денеска многу работи одеа на лошо. 2:1 ја предадовме топката, 3:1 ја предадовме топката, 4:1 исто така! Тие не растурија и знаеја точно што сакаат“, вели Хумелс.

Дортмунд нема време за размислување, бидејќи веќе во вторник гостуваат кај Вердер Бремен

Share

AnimeDao animedao anime list: My Hero Academia 2 (Dub) Episode 25

AniWatch animes online: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 9

Scroll to Top