Шкендија во Словенија ќе проба да ја надополни домашната негатива против Мура

Шкендија во Словенија ќе проба да ја надополни домашната негатива против Мура

пред 3 години

Фудбалскиот шампион на Македонија, тимот на тетовска Шкендија, денеска, со почеток во 20 часот, во Словенија против составот на Мура ќе го одигра реваншот натпреварот од првото квалификациско коло за пласман во фазата по групи во Лигата на шампиони н УЕФА.

Тетовските „црвено црни“ на реваншот одат по изненадување ако се знае дека на првиот меч одигран пред една седмица доживеаја минимален пораз од Мура со 1-0.

„Веруваме во пласман во следната фаза. Немавме среќа во првиот натпревар каде што промашивме многу шанси. Противникот е квалитетен ривал и посилен на физички план, но и ние имаме свои адути, кои верувам дека ќе ги искористиме на дуелот“ изјави тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

Доколку успее тетовската екипа да направи подвиг, во следното коло ќе игра против подобриот од дуелот Солигорск (Белорусија) – Лудогорец (Бугарија). На првиот меч Лудогорец во Бугарија славеше со 1-0.

Натпреварот ќе се игра пред околу 4.000 гледачи.
Фото: ФБ – ФК Шкендија

Share
Scroll to Top