Ѓоковиќ (конечно) ќе се бори за злато на ОИ

Ѓоковиќ (конечно) ќе се бори за злато на ОИ

пред 2 месеци

Новак Ѓоковиќ за многумина најдобриот тенисер во историјата конечно доби шанса да се бори за златен медал на олимписките игри.

Српскиот тенисер во полуфиналето го победи Италијанецот, Лоренцо Музети со 2:0 (6:4, 6:2).

Големото финале на програмата е в недела, а противник на Ѓоковиќ ќе му биде Карлос Алкараз кој претхдно со 6:1, 6:1 го декласира Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Против Музети, Новак продолжи да поставува рекорди, стана најстариот финалист на олимписките турнири од 1988 година, кога тенисот стана официјален олимписки спорт.

Уште пред овој дуел се знаеше дека ќе биде жестоко, Музети не загуби сет до дуелот со Ѓоковиќ, а со Новак имаше неколку епски битки на седум меча претходно, од кои два на исто место во Париз.

И пак покажа заби, од првиот поен се играше жестоко за секој поен, немаше попуштање, па публиката навистина можеше да ужива. На крајот победи поискусниот.

Share
Scroll to Top