Озил ја враќа маскотата на Арсенал на работа, тој ќе ја плаќа

Озил ја враќа маскотата на Арсенал на работа, тој ќе ја плаќа

пред 3 години

Германскиот фудбалер Месут Озил се понудил да ја плаќа маскотата на Арсенал, популарниот диносаурус „Gunerosaurus” се додека е тој дел од „топчиите“.

Имено, лондонскиот клуб поради намалување на трошоците го отпушти Џери Кај, човекот кој 27 години е во костимот на диносаурус.

Навивачите на Арсенал со неверување по ваквата вест протестираа на социјалните мрежи, а Озил понуди конкретно решение.

Со овој потег, тој повторно ги собра симпатиите од навивачите на клубот, пред се на оние помладите.

Претходно и самите навивачи покренаа кампања на социјалните мрежи за да соберат пари и да ја задржат маскотата во клубот.

Share
Scroll to Top