Ѓоковиќ сака да се запознае со Мајкл Џордан и со Џим Кери

Ѓоковиќ сака да се запознае со Мајкл Џордан и со Џим Кери

пред 4 години

Моментно најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ одговараше на прашања на новинарите по пласманот во третото коло на Австралија опен. Еден од нив го праша дали има некоја славна личност со која српскиот тениски ас сака да се запознае.

„Мајкл Џордан, никогаш не сум го сретнал, но не сум ниту единствен. Тој е мојот идол од детството кого го гледав, како впрочем и целиот свет. Би било добро, имаме заеднички пријатели, знам дека сака голф, можеби би можеле да се сретнеме на голф терен. Исто така би сакал да го запознаам и Џим Кери. Тој е интересен тип, неговите погледи на светот ме интригираат, би сакал да поразговарам со него за тоа“ одговори Ѓоковиќ.

За напоменување, Ноле беше голем пријател со несреќно загинатиот Коби Брајант кому му ја посвети минатогодишната титула од Австралија опен.

Share
Scroll to Top