Јокиќ за првиот тренинг во Денвер: Можеби ќе си одам дома

Јокиќ за првиот тренинг во Денвер: Можеби ќе си одам дома

пред 3 години

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ е главна тема во вториот дел од документарниот филм „Човекот кој прави разлика“. Домументарниот филм говори за кариерата на најпознатиот кошаркарски менаџер, Мишко Ражнатовиќ, а во втората епизода најмногу се зборува за Јокиќ.

Најсериозниот кандидат за МВП наградата во НБА лигата, ги открил впечатоците од првиот тренинг во Денвер.

„Влегов на првиот тренинг, гледам сите забиваат…брзи се, летаат…Ау, каде дојдов…Можеби ќе си одам дома…Можеби малку се исплашив, но ми стана јасно дека ќе имам време да научам, да станам побрз. Морам да ги забавам, не можам со нив, многу се брзи. Подобро е тие да играат во мојот ритам. Така беше во Мега, да играм онака како ми одговара, а не како тие сакаат“, рекол Јокиќ.

Центарот на Денвер открива дека по доаѓањето во САД не можел да направи ниту еден склек.

„Навистина не можев да направам ниту еден склек. Започнав да правам „женски склекови“, се и сешто правав. Во Војводина се повредив на првиот тренинг, во Мега се повредив на првиот тренинг, во јуниорската репрезентација се повредив на првиот тренинг и во Америка се повредив на првиот тренинг“.

Никола Јокиќ сезонава е главен кандидат за МВп на сезоната. Српскиот репрезентативец ги одигра сите натпревар за Денвер во регуларниот дел од сезоната, на 72 натпревари забележал просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции.

Share
Scroll to Top