Јувентус без пола тим ќе му гостува на Наполи

Јувентус без пола тим ќе му гостува на Наполи

пред 3 години

Јувентус без пола тим, викендов, ќе гостува кај Наполи. Проблем за тренерот, Масимилијано Алегри, се играчите кои доаѓаат од Јужна Америка.

Бразилците Алекс Сандро и Данило, Колумбиецот Хуан Квадрадо, Уругваецот Родриго Бентакур и Аргентинецот Паоло Дибала, се со своите репрезентации.

Сите, во Италија, ќе се вратат неколку часа пред почетокот на мечот во Неапол, што значи дека Алегри нема да може да смета на нивните услуги.

Алегри нема да го има во тимот и Федерико Кијеза. Италијанскиот репрезентативец, се пожалил на повреда, му била направена магнетна резонанца. Иако не било откриено ништо сериозно, тренерот решил да не ризикува и да го одмори крилниот напаѓач за овој натпревар.

Дуелот во Неапол е исклучително значаен за Јувентус, бидејќи во првите две кола тимот освои само еден бод.

Share
Scroll to Top