Јуве првпат оваа сезона сврза три победи во низа, повреди за Дибала и Меккени

Јуве првпат оваа сезона сврза три победи во низа, повреди за Дибала и Меккени

пред 5 месеци

Арон Ремзи во 80-тата минута донесе победа за Јувентус од 3:1 над Сасуоло, во уште еден проблематичен меч за италијанскиот шампион, кој се намачи против тим кој второто полувреме го играше со играч помалку, а покрај тоа Андреа Пирло ги загуби Пауло Дибала и Вестон Меккени поради повреди. Ова е првпат оваа сезона во Серија А, шампионот да сврзе три победи во низа.

Велшанецот Ремзи влезе на местото на Меккени по само 17 минути игра, откако младиот Американец доби мускулна повреда, а Дејан Кулушевски во 42. минута го замени Дибала, кој доби повреда на коленото, пред два клучни меча за „бјанконерите“ – дуелот од Копа Италија против Џенова и гостувањето кај Интер следниот викенд.

Данило, конечно, го отвори резултатот во 51. минута од мечот со фантастичен гол од огромна далечина, но само осум минути подоцна, Грегоар Дефрел израмни за Сасуоло по лошата реакција на одбраната на домаќините.

Ремзи, кој досега не се прослави во Торино, во 82-рата минута доби одлична топка од Фработа за да го постигне победничкиот гол за Јуве, за иронично, четири минути подоцна да биде заменет со Алваро Мората. Кристијано Роналдо, кој претходно имаше еден фантастичен скок, кој не влезе во голот, во 92. минута ја потврди победата на Јуве.

Јувентус сега се четврти на табелата со 33 поени, а пред нив со меч повеќе се Рома (34), Интер (37) и лидерот Милан (40). Сасуоло се седми со 29 поени.

Share

4Anime animes online: Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai (https://4anime.biz/m/Rjdd) Episode 13

GoGoAnime gogoanime 17: SK8 the Infinity (Dub) Episode 8

Scroll to Top