Јунајтед и Челси се откажаа, Дембеле пред потпис со ПСЖ

Јунајтед и Челси се откажаа, Дембеле пред потпис со ПСЖ

пред 3 години

Пари Сен-Жермен почнаа преговори со Барселона да го донесат Усман Дембеле, откако премиерлигашките гиганти Челси и Манчестер јунајтед решија да не даваат понуди за францускиот репрезентативец, тврдат шпанските медиуми.

Барселона би сакала да се договори за трансфер од 20 милиони евра, но ПСЖ ќе се обидат да ја намалат цената за 24-годишниот Французин, знаејќи дека Барса мора да се „ослободи“ од неговата плата за да може да го донесе Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, тврди каталонскиот „Спорт“.

Договорот на Дембеле со Барселона завршува во текот на летото, а иронично тој дојде на „Ноу Камп“ како замена за Нејмар, откако ПСЖ го откупија договорот на Бразилецот, а сега може да му стане соиграч.

Share
Scroll to Top