Јунајтед пред потпис со Варан

Јунајтед пред потпис со Варан

пред 3 години

Манчестер јунајтед се пред потпишување на договор со дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, јавуваат повеќе англиски и шпански медиуми, со што на Оле Гунар Солскјер ќе му се оствари желбата за засилување на одбраната.

Според експертот за трансфери, Фабрицио Романо, францускиот репрезентативец веќе се договорил за личните услови со „ѓаволите“ и ќе биде второ големо засилување за Јунајтед по пристигнувањето на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

28-годишниот Варан ќе ги чини „ѓаволите“ околу 50-тина милиони евра, што е голема сума ако се смета дека тој има само уште една година од договорот со Реал, но ги одби преговорите за продолжување.

Share
Scroll to Top