Алаба се чувствувал „разочарано и повредено“

Алаба се чувствувал „разочарано и повредено“

пред 3 години

Фудбалерот на баррн Минхен, Давид Алаба, бил незадоволен од односот што го има германската спортска јавност кон него. Таткото на фудбалерот, Џорџ Алаба, рекол дека медиумите пласирале лажни информации поврзани со неговиот син.

„Се чувствува разочарано и повредено“, изјјавил Џорџ Алаба за австрската новинска агенција „АПА“, дополнувајќи дека не може ништо прецизно да каже околу фудбалската иднина на неговиот син.

„Ментално е силен, може да се избори со оваа ситуација во која се најде“.

Пред неколку дена германските медиуми објавија дека Баерн ги прекинале преговорите околу новиот договор на Алаба. Фудбалерот и неговиот менаџер Пини Захави имале ненормални финансиски барања. Наводно фудбалерот барал пет годишен договор и плата од 25.000.000 евра по сезона.

Претходно Алаба рекол дека е навреден од односот на тимот, бидејќи од медиумите дознал дека Баерн се повлекле од преговорите.

Некаде во исто време, Харл-Хајнц Румениге му порача дека „мора самиот со себе да се договори што сака“.

Баерн, нема да го продаде Алаба во зимскиот преоден рок, туку тој по завршувањето на сезоната ќе замине од Минхен без обесштетување.

Share
Scroll to Top