Алекс Албон повторно ќе вози Формула 1

Алекс Албон повторно ќе вози Формула 1

пред 3 години

Вилијамс експресно најдоа замена за Џорџ Расел. Мерцедес, вчера, објавија дека Британецот ќе му биде колега на Луис Хамилтон од наредната сезона, а денес Вилијамс го потврдија Алекс Албон како партнер на Николас Латифи.

Албон зад себе има две сезони во Формула 1, како возач на Торо Росо (сега Алфа Таури) и Ред Бул. За Торо Росо настапил на 12, а за Ред Бул на 26 трки.

По завршувањето на сезоната 2020, незадоволни од неговите резултати, челниците на Ред Бул решија да не му понудат договор, туку го му доделија да биде резервен возач.

Албон оваа сезона вози во ДТМ-серијата.

Share
Scroll to Top