Алекс Маркез сака да стартува и покрај хорор-падот на задникот

Алекс Маркез сака да стартува и покрај хорор-падот на задникот

пред 4 години

Алекс Маркез, Мото2 шампионот и брат на актуелниот Мото ГП шампион, Марк Маркез имаше хорор-пад на квалификациите на трката во Валенсија, но останува сигурен дека ќе може да се трка денеска доколку болките на задникот му го дозволат тоа.

Маркез направи грешка и одеше прениско кога беше буквално исфрлен од мотоциклот и падна директно на задникот, пред по кратката пауза повторно да се врати на мотоциклот, но не успеа да се квалификува над 20. место.

„Не беше лесно, тоа е сигурно. Одев до крај за подобар круг, но имав тежок пад. Паднав на колкот и на задниот дел од грбот, но се вратив на вториот мотоцикл да возам додека ме држеше адреналинот. Сега ќе видиме како ќе се чувствувам пред трката и дали ќе можам да се тркам“, вели Маркез.

Share
Scroll to Top