Алонсо: Зошто делеа поени кога не се тркавме?

Алонсо: Зошто делеа поени кога не се тркавме?

пред 3 години

Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо е шокиран од одлуката на ФИА да додели поени на трката за Големата награда на Белгија. На патеката „Спа Франкошам“, поради екстремно лошите временски услови, беа возени само три круга зад безбедносното возило.

Бидејќи сите возеа зад безбедносното возило, пласманот не се менуваше, пола од предвидените бодови добија првите десетмина на стартот.

„Се согласувам со одлуката трката да биде прекината, но не можам да разберам зошто беа доделени поени, кога воопшто не се тркавме“, изјави Алонсо.

„Ние немавме можност да се бориме за поените. Јас завршив на 11 место, немав можност да ја подобрам својата позиција. Одлуката е шокантна. Како можеа да и доделат поените, кога воопшто не се тркавме? Целата ситуација е многу чудна“.

Првенството во Формула 1 ќе продолжи викендов со трката за Големата награда на Холандија.

Share
Scroll to Top