Ангеловски: Александар го оспоруваа, но кој ќе го оспори Горан Велики!

Ангеловски: Александар го оспоруваа, но кој ќе го оспори Горан Велики!

пред 3 години

Прес-конференцијата на македонскиот селектор Игор Ангеловски по историската победа над Грузија, секако, не беше вообичаена, откако му се приклучија и фудбалерите со песна и со навивање.

Ангеловски, пак, даде интересна изјава за капитенот, Гранде Горан Пандев, споредувајќи го со Александар Македонски.

„Благодарам на честитките, но тие одат до моите фудаблери. Не само овие кои се тука. Едно момче сега лежи во кревет, тоа е Енис Барди, а со нас не се ниту Кире, Крста и Буба, но и тие се дел од овој успех. Македонија имаше еден херој кој го оспоруваа – Александар Велики. Но, никој не може да го оспорува Горан Велики“, изјави Ангеловски.

Share
Scroll to Top