Англија не ја искористи офанзивата во второ полувреме – ќе има продолженија

Англија не ја искористи офанзивата во второ полувреме – ќе има продолженија

пред 3 години

Англија во второто полувреме тргна по победата на полуфиналниот дуел со Данска, сепак голманот Шмајхел и дефанзивците предводени од Симон Кјаер успеваа да одолеваат на нападите. 1-1 е на „Вембли“ по 90 минути. Ќе почекаме за вториот финалист, ривалот на Италија во големото финале.

Со поголема активност – Маунт и Мегваер имаа свои прилики да постигнат втор гол за „Гордиот Албион“, но без реализација.

Двајцата селектори со по неколку замени се обидоа да го освежат својот состав пред финалните минути, а потајно се надеваа и за продолженијата.

Статистиката во второто полувреме вели дека Англичаните упатиле вкупно 7 удари кон голот на Шмајхел, додека само еднаш Данците се заканиле кон Пикфорд.

Дури седмипат на ова ЕП еден меч ќе се игра во дополнителни 30 минути.

Се е отворено на „Вембли“.

Share
Scroll to Top