Новото засилување на Манчестер јунајтед, Антони го нарече својот сонародник, Касемиро како ново „куче чувар“ на англискиот клуб, откако ветеранот по трансферот од Реал Мадрид за 70 милиони фунти ја потврдди својата репутација како еден од најдобрите дефанзивни играчи од средниот ред со импресивните мечеви со Челси и Тотенхем.
Антони, кој му е близок пријател н сонародникот, е воодушевен.
„Касемиро е сериозен човек. Секогаш сум велел дека тој е нашето куче чувар во средината на теренот. Нема шега со него, само сериозно“, вели Антони за официјалниот веб-сајт.
Касемиро го постигна израмнувачкиот гол против Челси, за прв гол во дресот на Јунајтед, но им порача на навивачите да не очекуваат премногу од него во нападот.
„Сите ја знаат мојат работа. Мојата улога е дефанзивна, да им помогнам н соиграчите да ја изнесат квалитетно топката од нашиот шестнаесетник. Прво бранам, потоа носам рамнотежа во тимот. Секако, убаво е да се постигне гол понекогаш, но тоа не мојата задача“, изјави Касемиро.