Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2020

Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2020

пред 4 години

УЕФА ги објави имињата на 18 главни судии и нивните помошници кои ќе ја делат фудбалската правда на ЕУРО 2020. Прв пат, на едно Европско првенство, ќе судат и арбитри кои не се од Европа.

Најдобрите европски судии се делегирани за престојниот континентален собир од 11.јуни до 11.јули.

На листата се: Феликс Брих (Германија), Џунејт Чакир (Турција), Карлос дел Серо Гранде (Шпанија), Андреас Екберг (Шведска), Орел Гринфелд (Израел), Сергеј Карасов (Русија), Бјорн Кујперс (Холандија), Дани Макели (Холандија), Антонио Мигел Матеу Лахос (Шпанија), Мајкл Оливер (Англија), Даниеле Орсато (Италија), Артур Мигуел Рибеиро Соареш (Португалија), Даниел Зибер (Германија), Ентони Тејлор (Англија), Клеман Тирпан (Франција).

Последен на оваа листа е Аргентинецот Фернардо Рапалини. Како дел од соработката помеѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, тој ќе суди на ЕУРО 2020, а Шпанецот Хесус Хил Манзано ќе ја дели правдата да Копа Америка.

Прв пат е делегирана и една жена. Стефани Фрапар од Франција ќе ја има функцијата на четврти судија.

Сите главни судии и нивните помошници, како и ВАР-судиите, ќе се подготвуваат за ЕУРО 2020, во Истанбул од 10. до 13.мај. Истанбул ќе им биде база на судиите од 7.јуни се до четврт-финалето, кога УЕФА ќе ги одреди судиите за завршницата на шампионатот.

Share
Scroll to Top